Честитка од Божиновска до бискупот Стојанов по повод Велигден
Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска по повод претстојниот празник Велигден денеска упати телеграма со честитки до бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов.
- Во овие мигови на празнична радост дозволете ми Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Христовото воскресение - Велигден.
На денешен ден пред многу години силна светлина засветли од празниот Христов гроб и во срцата на луѓето им вдахна радост и вера во вечниот живот. Спасителот вели: „Јас живеам, и вие ќе живеете“ бидејќи нема поголема радост од сознанието дека Христос воскресна и со смртта на крстот ја победи смртта со што вистинските вредности добија нов живот. Предизвиците и искушенијата кои денес го тресат светот, тероризмот и верската нетрпеливост, преку празникот на Христовото Воскресение-Велигден и посебно преку пораките на папата Франциск и годината на милосрдието, добиваат своја актуелна порака, дека само преку силната вера во животот и позитивните вредности можеме да постигнеме мир и дека ниту едно насилство нема свое оправдување кога е во прашање човекот и неговите фундаментални права. Мисијата на Католичката црква како во минатото, така и денес, дава нова сила на надеж, гледајќи го целиот свет како едно семејство кое во единство со божјата љубов ги има одговорите на сите проблеми. Во таа насока, сакам да го истакнам Вашиот личен придонес, како и придонесот на Католичката црква во Република Македонија која преку почитувањето на сите верски заедници, меѓусебниот дијалог и соработка придонесува кон верската толеранција и соживот како во нашето општество така и во целиот свет.
Ви посакувам овие празнични мигови да ги прославите во добро здравје, духовен мир и радост, честитајќи Ви го празникот на Христовото Воскресение-Велигден со торжествениот христијански поздрав Христос воскресна, стои во честитката од директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја