Честитка до новиот цар на Јапонија од основачите на Македонско-Јапонското друштво на пријателство
По повод устоличувањето на јапонскиот престол на Императорот Нарихито, членовите и едни од основачите на Македонско-Јапонското друштво на пријателство и соработка, поранешниот министер и амбасадор Мартин Треневски и уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин упатија честитка до новиот цар на Јапонија.
Честитката се состои од пригодно писмо и примерок на слика од серијата „Цвеќе на мирот” на Поповски-Цветин. Живко Поповски Цветин досега има подарено над 50.000 слики од серијалот „Цвеќе на мирот” на стотици државници и познати личности ширум светот (Перез Де Куељар, Бутрос Б. Гали, Кофи Анан, Џорџ Буш, Михаил Горбачов, Вили Брант, Сандро Пертини, Индира Ганди, Мајка Тереза и др.).
Императорот Нарухито го презеде јапонскиот царски престол по абдикацијата на неговиот татко, императоот Акихито, кој беше владетел на Јанпонија од 1989 година. Императорот Нарухито е 126 цар на Јапонија. Јапонската царска династија започна од шестиот век пред нашата ера и е најстара царска династија на планетава.
Јапонија е еден од најголемите донатори на Македонија. Со јапонска финансиска помош се опремени повеќе болници во нашата земја, а најголема помош е финансирање на системот за водоснабдување „Злетовица”, како и во здравствениот и земјоделскиот сектор.
Ново на Сител
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023