Чешкиот министер за здравство поднесе оставка поради зголемениот број случаи на коронавирус
Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата.
Премиерот Андреј Бабиш му се заблагодари на Војтех за неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можеше да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство доколку не мораше да ја потроши целата своја енергија борејќи се со коронавирусот.
Чешка има второ најголемо зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Европа по Шпанија. Чешка пред летото ги укина сите мерки воведени за време на првиот бран на коронавирусот во земјата.
Во изминатите две недели, Чешка регистрира 193 случаи на 100.000 луѓе, информира Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Ново на Сител
-
АА: Со напуштање на Владата покажавме колку малку сме корумпирани
-
Нов протест за Фросина денеска во 17 часот пред Универзална сала
-
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија
-
Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари
-
Зеленски бара директни преговори со Путин во Турција
-
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера