Чешки воен советник предупредува пред закани на чехословачки резервисти
Советникот на началникот на Чешкиот Генералштаб Лудвик Цимбурек предупредува пред група на поранешни чехословачки војници - резервисти, кои себеси се нарекуваат поддржувачи на претседателот Милош Земан.
Според јавно објавените ставови на групата од 2.000 резервисти, актуелните чешки политичари ги сметаат за непријатели, а НАТО алијансата ја нарекуваат криминална организација, јави дописникот на МИА од Прага.
Цимбурк тврди дека про-руската воена формација претставува проблем доколку нејзините членови почнат да се вработуваат во војската или полицијата на Чешка, бидејќи со нивните антидржавни ставови стануваат ,,потенцијална цел на соработка со непријателските тајни служби".
Поранешните Чехословенски војници на социјалната мрежа Фејсбук имаат над 6.000 симпатизери, а јавно се залагаат против миграцијата и сметаат дека Земан е единствен политичар кој се однесува како ,,вистински претставник" на чешката држава.
- Се би било симпатично, само до моментот кога некој од помладите симпатизери ќе престане да се занимава со ,,брборења" на Фејсбук и ќе одлучи да ја преземе работата во свои раце и ќе направи кривично дело, додаде Цимбурк.
Претставниците на Чехословачките резервисти учествуваа на неодамнешната демонстрација на поддршка на Земан, каде маршираа во два реда под чешкото знаме.
Нивните критичари, тогаш укажаа на сличноста со фашистичките и нацистичките полувоени формации од Италија и Германија во 20. и 30. години на минатиот век.
Портпаролот на Земан, Јиржи Овчачек на прашањето каков е ставот на Претседателскиот кабинет по однос на таа поддршка, рече дека чешкиот претсеател не сака никому да му оневозможува да учествува на митинзи и во случај да не се согласува со нивните активности.
Тој подвлече, дека Земан го поддржува членството на Чешка во НАТО и ЕУ, а во однос на понудата на резервниот состав на чехословачката војска за бранење на чешката граница од мигрантите, оцени дека тоа е задача на полицијата и Армијата и секој кој сака може да се пријави во нивните редови.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот