-->
-->
Чешка ќе именува амбасадор во Куба
-->
Чешка за неколку месеци ќе ги постави односите со Куба на повисоко ниво и по пауза од неколку години ќе именува амбасадор во таа земја, изјави министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек.
Односите меѓу двете земји беа „заладени" долги години, бидејќи Прага жестоко го критикуваше кршењето на човековите права во Куба, а последните години тој притисок се намалува, јави дописникот на МИА од Прага.
Меѓусебното дипломатско претставување сега е на ниво на заменик-амбасадор.
- Ќе поминат неколку месеци, договорот, всушност, на двете страни е веќе направен, а ние имаме гаранции од кубанската страна дека се заинтересирани за тоа, истакна Заоралек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+