Македонија
19. August 2025 - 12:38
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
Рекорден број на спасени давеници ова лето во Охридското езеро.Спасителите на вода интервенирале кај 28 лица кои можеле да завршат фатално најголем број на средна возраст но и кај деца а се соочиле и со преку илјада укажувања на прва помош.
Оваа сезона две повозрасни лица го загубија животот на плажа а сеуште се трага по нуркачот од Бугарија кој исчезна на длабочина од 90 метри во блзиина на селото Трпејца .Спасителите се на терен и се грижат за безбедноста на капачите.
Ваквиот биланс на инциденти го вклучи алармот од потребата да се ангажираат што повеќе спасители на сите плажи и капалишта. Од охридска страна спасители има на 11 плажи, додека на стушкото крајбрежје само двајца.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->