Черњев: Украина ќе стане членка на НАТО по победата над Русија
– Шефот на делегацијата на украинската Рада во Парламентарното собрание на НАТО, Јегор Черњев, смета дека Украина ќе стане членка на НАТО веднаш по победата над Руската Федерација.
-Се надевам дека НАТО ќе може да не прими многу брзо, бидејќи де факто сега многу брзо се усогласуваме со стандардите на НАТО во армијата. Се надевам дека по завршувањето на војната, де факто ќе се претвори во де јуре и ќе станеме членка на НАТО без никаков Акциски план за членство во НАТО и тоа многу брзо, изјави Черњев, пренесе Интерфакс Украина.
Според неговото мислење, станува збор за тоа што ќе се случи по војната, по, како што наведе, победата на Украина, за неговата земја да добие безбедносни гаранции во вид на „чадорот на НАТО“.
-Разбираме дека Русија нема да се смири и дека за три, пет, 10 години, кога повторно ќе ги акумулира своите ресурси, повторно ќе се обиде да окупира или дел од територијата или цела Украина, рече Черњев.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово