Loading Video...
Свет
5. February 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

САД ќе го преземат Појасот Газа, уништената област ќе биде ривиера на Блискиот Исток но без околу 2-та милиони Палестинци кои сега живеат таму. Палестинците ќе ја напуштат Газа и ќе се преселат во соседните земји.

Американскиот претседател Трамп го даде изненадувачкиот предлог на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата Куќа, велејќи дека таков драстичен потег е неопходен, бидејќи другите идеи за ставање крај на деценискиот конфликт меѓу палестинскиот народ и израелците не функционираат. Трамп е убеден  дека египет и јордан  ќе ги прифатат палестинците а во  обновената  газа како што рече ќе  живеат луѓе од целиот свет. 

За израелскиот премиер, планот на Трамп е идеја на која вреди да се обрне внимание. Но така не мислат Палестинците во Газа. Не сакаат ни да слушнат за напуштање на својата земја. Планот на Трамп го отфлија и арапските земји и западните созјуници на Вашингтон и останаа на ставот да се бара политичко решение со две држави, Израел и Палестина. Според политиколозите присилното раселување на населението во Газа би претставувало кршење на меѓународното право. 

Шведската полиција се обидува да го открие мотивот на напаѓачот кој синоќа уби 10 лица во училиште за возрасни во градот Оребро, Централна Шведска. Според полицијата 35 годишниот напаѓач кој се самоубил во една од просториите на училиштето дејствувал сам, поседувал дозвола за автоматската пушка со која пукал и не и бил познат на полицијата од претходно.

- Ние продолжуваме со интензивна истражна работа за да ги разбереме околностите околу него и да се обидеме да направиме слика, изјави Роберто Форест, шеф на локалната полиција.

За убиените не се знае ништо, бидејќи полицијата на прес-конференцијата не сакаше да даде никакви лични податоци.