Чавушоглу: Сириските бегалци ќе се вратат во татковината согласно планот на турските власти
Турција според својот план ќе ги враќа сириските бегалци. Ова го изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за турската телевизија НТВ.
Ќе ги вратиме бегалците во Сирија според нашиот план. Ова прашање беше на нашиот дневен ред пред изборите и продолжува да биде и сега. Некои од раселените лица се испратени во областите ослободени од терористите, а за другите се гради инфраструктура за да им се овозможи да се вратат во своите домови. Околу еден милион сириски бегалци ќе можат да се вратат таму кога ќе заврши изградбата на 240.000 куќи во северна Сирија. Земјите од Персискиот залив го поддржуваат овој процес, изјави доцна синоќа Чавушоглу.
Според него, би било неточно да се зборува за враќање на сите 3,7 милиони сириски бегалци кои ги прифати Турција.
Претседателскиот кандидат на опозициската Национална алијанса Кемал Кулчдароглу неодамна изјави дека доколку победи на изборите ќе ги врати во Сирија сите сириски бегалци кои сега се во Турција. Тој рече дека бројката е 10 милиони, но турските власти ги отфрлаат овие тврдења.
Ново на Сител
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички