Чавков се сретна со делегација на Парламентарното собрание на НАТО
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на НАТО од Поткомитетот за трансатланска одбрана и безбедносна соработка и од Поткомитетот за демократско владеење.
Како што соопшти МВР, министерот Чавков и членовите на делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО размениле информации во однос на македонските аспирации и напорите за членство во Алијансата, презентирајќи ги притоа последните состојби на интензивната и успешна меѓусебна соработка меѓу Министерството и НАТО.
Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО изразила интерес за подобро разбирање на актуелната политичка ситуација и воените и други безбедносни предизвици во земјата и во регионот.
- Беше изразена благодарност за се што Министерството за внатрешни работи направи во контекст на бегалската односно мигрантската криза и од нивна страна беше изразена јасна и отворена волја за поддршка во правец на стабилизација и помагање на процесите кои би довеле до членство на Република Македонија во европската заедница, се наведува во соопштението од МВР.
Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО изразила интерес и во однос на видувањето на министерот Чавков во поглед на соработката со соседите, пред се со државите-членки на НАТО, при што во однос на истото, Чавков оценил дека соработката е добра, дека билатералната и мултилатералната соработка остануваат врвен императив и дека сме насочени кон нивно натамошно продлабочување.
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април