Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
Сејф сити системот и камерите ќе почнат да функционираат од први јануари следата година. Толку време му треба на МВР да ги има податоците за секое возило што ќе се регистрира, а потоа да ги усогласат и со другите институции за како ќе се казнува. Ќе пристигнува смс порака или е-маил на бројот на возачот со фотографија каков прекршок направил во рок од 24 часа.
Полицијата веќе ги тестира поставените камери низ Скопје, најмногу прекршоци се прават за возење над дозволеното и поминување на црвено, вели министерот Тошковски.
Полицијата пак руши рекорди со казните, а возачите и натаму возат по свое. 796 прекршочни казни се изречени само вчера. 146 возачи стиснале на гас повеќе од што е дозволено, сообраќајна полиција фати и 50тина без возачка дозвола и 8 под дејство на алкохол. Но министерот вели, се намил бројот на сообраќајни несреќи откако полицијата засилено патролира низ градот.
На 21 ќе има нова јавна дебата за измените на законот за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, каде ќе бидат вклучени експерти, професори, судии, претставници од МВР. Тошковски очекува откако ќе бидат сублимирани заклучоците за краток временски период да се најдат и пред пратениците на гласање.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар