Чавков: Приведени 5 македонски државјани осомничени за членство ИД
Пет македонски државјани осомничени за членство во Исламска држава на 12-ти овој месец се приведени во синхронизирана акција на македонската полиција во соработка со турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, Турција.
Од приведените македонски државјани, како што соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков, тројца се од Куманово и две лица се од Скопје кои на организиран начин се обиделе да се приклучат кон терористичката организација.
- Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. По приведувањето осомничените биле однесени во прифатниот центар за странци во Истанбул, изјави министерот Чавков.
По преземените активности и документирањето на настанот осомничените се вратени во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Од страна на судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор.
Министерот Чавков информираше дека за 23 лица македонски државјани се води кривична постапка, околу 25 македонски државјани се загинати, а околу 50 лица се уште се на боиштата во Сирија и Ирак. Тој нагласи дека овие бројки не се конечни и постојано варираат.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?