Чаир и Гази Баба со најмногу активни случаи на КОВИД 19
Чаир останува општина со најголем број активни случаи и во изминатите 24 часа, покажуваат податоците што денеска ги објави Министерството за здравство. Во оваа општина се регистрирани 323 активни случаи.
Двеста активни случаи има и во Гази Баба, а над 150 случаи се евидентирани и во Аеродром, Бутел, Центар и Карпош. Во Аеродром има 162 активни случаи, во Карпош 147, а по 146 активни случаи имаат Бутел и Центар.
Во Сарај во изминатото деноноќие се евидентирани 128 случаи, во Студеничани 116, во Кисела Вода 108, во Ѓорче Петров 107, во Шуто Оризари 86, во Арачиново 45, Илинден 31, Петровец 17, Чучер Сандево 16, Зелениково 13 и Сопиште 8.
Регистрирани се пет странски државјани како активни случаи, како и 67 лица за кои што не се знае од каде потекнуваат.
Ново на Сител
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград