Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме на којашто присуствуваа деца од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, ученици од скопските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ и деца и претставници на Здружението за образование и истражување „Несил“.
- По завршувањето на свечениот чин, околу 230 деца во придружба на двасетина наставници и претставници, ги разгледаа просториите на Кабинетот. Младите посетители покажаа интерес за работата на претседателката. Ја прашаа: Какво е чувството да се биде првата жена - претседателка на државава? Дали е потешко да се биде претседателка или професорка? Како тече еден нејзин работен ден? Љубопитните гости пројавија желба да ги дознаат нејзините лични афинитети, како и интересните спомени од младоста, информираат од кабинетот на претседателката.
Сиљановска-Давкова им предочила дека вршењето на политичката функција бара знаење, посветеност и култура на дијалог. Ги советувала да учат, да размислуваат критички и да другаруваат. Децата и подариле цвеќе, албум на цртежи и благодарница на турски јазик.
Церемонијата на свечено менување на знамето се одржува секој втор петок во месецот, со учество на Баталјонот за почести при македонската армија и ја симболизира почитта кон знамето и државата.
МИА
Ново на Сител
-

Извештајот на ЕК пред собраниските комисии
-

Мицкоски: Јавноста ќе дознае многу детали – почнува судењето за „Пулс“
-

ДУИ: На конгрес промени во раководството
-

Ден на Уставот
-

Ревитализација на шумскиот фонд поради пожарите
-

Ден на предвремено родени бебиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
