Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
Од утре, штипската Клиничка болница за прв пат воведува најсовремен метод за БЕНЕТЕЧ тест - пренатален скрининг, за рано откривање на индивидуалниот ризик кај бремените жени и можните генетски аномалии на плодот. Ова е значаен чекор напред во пренаталната дијагностика и обезбедува поголема сигурност и навремена информација за здравјето на трудницата и плодот.
- Рано генетско откривање на аномалиите, како хромозомски абнормалности, како трисомија 21, 18 и 13 и откривање на повеќе малформации како што се SLOS синдром и OSB. Пренаталниот тест е брз и безболен, изјави Величе Николова, специјалист медицински лаборант, КБ-Штип.
Тестот ќе биде достапен за сите здравствено осигурани трудници, без дополнителни трошоци.
- КБ го покрива целиот источен регион и на секоја трудница и е достапен овој пренатален скрининг тест, а единствено што е потребно, трудницата да биде здравствен осигуреник на Р. Македонија. Потребно е трудницата да дојде во лабораторијата со венска крв, со упат од својот матичен гинеколог, со прв и втор триместар и ЕХО преглед на плодот, додаде Николова.
Според Николова со воведувањето на овој тест установата поставува нов стандард во грижата за бремените жени.
- Да бидат сигурни, се изработува на имунолошки апарат, со најсовремена технологија, контрола на квалитет 24 часа и се работи со точни и прецизни резултати, изјави Николова.
Тестирањето ќе се врши секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
