Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 проценти
Цените на јајцата во Европската унија во јануари годинава биле во просек за 30 проценти повисоки во споредба со јануари 2022 година, покажуваат податоците на Евростат.
Најголема годишна инфлација на цената на јајцата меѓу ЕУ земјите има во Чешка + 85 проценти, Унгарија + 80 отсто и Словачка од +79 проценти. Најмало, но сепак значително поскапување има во Германија и Луксембург по 18 проценти и Австрија +19 отсто.
Иако според различна методологија, кај нас, според Евростат, цената на јајцата во јануари 2023 година е зголемена за 26,7 проценти. Во земјите од регионот јајцата во јануари 2023 најмногу поскапеле во Црна Гора 60 проценти, 39 отсто во Албанија и 31,2 во Србија.
Според Земјоделско пазарниот информативен систем на Министерството за земјоделство, раст од 29,1 процент има кај најбараниот тип јајца од класа А, со големина Л од 6,15 денари просечна цена во 2021 година, на 7,94 денари просечна цена во 2022 година, додека кај М големината има раст од скоро 45 отсто и на пазарот во 2022 година се нуделе по цена од 7,42 отсто. Драстичен пораст на цените на јајцата има кај С големина од речиси 93 отсто, на кои просечната цена од 2,9 денари во 2021 година, пораснала на 5,59 денари во 2022 година.
Значителен раст на цените на храната во 2022 има на сите основните продукти. Според податоците на Евростат просечната цена на земјоделските производи на ниво на ЕУ меѓу 2021 и 2022 година е 24 проценти. Најголем раст има кај житарките + 45 проценти, јајцата +43 отсто и млекото +31 процент.
Ново на Сител
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
-
Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило според законските стандарди, покажа ревизорскиот извештај
-
Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам
-
Преглед на вестите од светот
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата