Балкан
12. September 2017 - 10:47

Цела Србија чека да види што крие телефонот пронајден на насипот во Борча: Мобилниот открива 4 клучни работи!

Со вештачењето на телефонот кој еден од мештаните на Борча го пронашол на насипот на кој е пронајдено телото на Јелена Марјановиќ би можело во потполност да се расветли овој злочин. Доколку припаѓа на убиецот, експертите би можеле да го утврдат не само неговото движење туку и неговиот однос со пејачката.

Телефонот е пронајден во кал на насипот а човекот кој го пронашол веднаш се посомневал дека би можел да има некаква поврзаност со злочинот кој година ипол ја тресе јавноста, па веднаш го однел во полиција.

Мобилниот веднаш е испратен на вештачење за да се утврди на кого му припаѓал, но и се останато што може да се открие.

Контактите би можеле да откријат со кого сопственикот бил во врска, пораките и повиците, со кој се слушнал кобниот ден, а преку базните станици може да се утврди и неговото движење, пишува телеграф.рс.

Она што би можело да се дознае од телефонот е следново:

1. движењето на сопственикот на денот на убиството на Јелена

2. со кој најчесто бил во контакт

3. со кој се слушнал на денот на убиството

4. дали претходно бил во контакт со Јелена

Ненад Шипка, директорот на Центарот за форензички истражувања вели дека резултатите од вештачењето зависат од тоа во која состојба е телефонот: "Доколку картичката е во телефонот, може да се идентификува бројот и неговиот сопственик. Во него остануваат сите броеви, пораки, како и повици. Не се исклучува да припаѓа на убиецот, но за тоа се потребни повеќе докази" - вели Шипка.