-->
-->
Царовска: Секое училиште ќе се реорганизира за да се надоместат изгубените часови на матурантите
-->
Поради изгубените часови за време на бојкотот на наставата, училиштата ќе се реорганизираат и ќе ги надоместат изгубените часови на матурантите, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговорајаќи на новинарско прашање во Штип каде што се одржува дебата за средно стручно обарзование.
Повтори дека сите коишто сакаат да продолжат на факултет мора да имаат положено државна матура, а обврска на Министерството за образование и наука и на Владата, рече, е таа да се спроведе согласно со законските рокови.
-Секое училиште има начин на којшто си ги надоместува изгубените часови, како секојпат кога има неможност да се спроведе наставата, така и овојпат ќе си се реорганизираат и тоа ќе се спроведе во училиштата, рече Царовска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда