Царовска: СДСМ гради сегашност и иднина, не смееме да дозволиме други да го кочат овој процес
Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на Општина Карпош, со кои разговараше за реализираното во изминатиот период, како и за новите проекти, предизвици и очекувања од граѓаните.
– Во изминатите 4 години се работеше вредно и напорно во секоја општина во државата, секако со силна поддршка од централната власт. Оваа силна динамика што ја воспоставивме, мора да продолжи и во следниот мандат. Не смееме да дозволиме никој друг да ни ги кочи процесите и проектите кои ги спроведуваме, а кои се исклучиво во интерес на граѓаните, рече Царовска.
Царовска истакна, дека изминатиот период се реализирале проекти и процеси кои според неа се од огромно значење за децата, младите, но и за секој граѓанин.
– Во населба Бардовци изградивме целосно нова градинка со капацитет за 78 деца, со вкупна вредност од над 28 милиони денари. Одговоривме на барањата на родителите и изградивме целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе, но и го реконструиравме. Исто така, во тек е изградба на градинка во Карпош 3, со капацитет за 100 деца, потенцира Царовска.
Таа фодаде дека дополнително, во сите 10 основни училишта во Карпош се опремуваат кабинети по природни науки, дека се обезбедени со сензорни соби, како и дека од оваа учебна година на располагање на учениците со попреченост од Општина Карпош се и 30 образовни асистенти.
Царовска посочи и дека не изостанува и грижата за младите и за студентите, при што со 157,2 милиони денари е завршена адаптација и санација на на блоковите В и Г од Студентскиот дом Гоце Делчев.
– И не треба да продолжам да кажувам што е најдоброто и кој покажува вистинска грижа. Тоа го гледаме секој ден, го чувствуваме во позитивните промени. Затоа ве повикувам на 17 октомври да го заокружите бројот 12 и да гласате за Душко Весковски и кандидатската листа на СДСМ и коалицијата. Гласајќи за „Најдоброто за мојата општина“, обезбедувате, континуитет на позитивните промени и за подобар живот на сегашните и идните генерации во Карпош“, порача Царовска.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
-
Законот за правична застапеност помина на Влада
-
Одложено рочиштето за таткото на Васил – ОЈО одлучи да го гони за поблаго кривично дело
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи