Македонија
24. јуни 2025 - 16:42

Законот за правична застапеност помина на Влада

По речиси една година преговори во владината коалиција, Владата го усвои Законот за правична застапеност на етничките заедници во јавниот сектор. Пред да стигне кај пратениците за конечно усвојување ќе треба да биде проверен и од Венецијанската комисија. 

Законот треба да го замени укинатиот Балансер и да гарантира професионална администрација, но во која етничките заедници ќе имаат своја соодветна застапеност согласно Уставот и Рамковниот договор. 

Оние кои ќе сакаат да се вработат или да унапредуваат во службата нема да даваат изјави за етничката определба, туку таа ќе се одредува според тековните докуменети за лична идентификација. 

Сепак, методологијата и пороцентите на застатепност на одредена заедница во администрацијата ќе биде определена дури откако Законот ќе биде донесен. Неа ќе ја подготвува посебно координативно тело составено од владини претставници и Агенцијата за администрација. Основа за тоа, како што претходно објасни веципремиерот за доборо владеење Фетаи, ќе бидат податоците од последниот попис, но не откри дали пред вид ќе биде земено само резиднетното население, или пак, ќе биде вклучена и дијаспората. 

Алабанската опозиција веќе негодоуваше дека овој закон е антиалбански. Мицкоски вели дека критиките на ДУИ не се суштински туку само етнички поларизираат. 

Претходно и вицепремиерот за односи меѓу заедниците оцени дека меѓуетничките односи се стабилни, а критиките предиизборни.

Уставнииот суд во октовмри го укина Балансерот како механизам за вработувања во јавната администрација по етнички клуч. Уставните судии оценија дека припадноста на одредена етничќка заедница не може да биде критериум за вработување. Претходно како неуставни беа оценети и изводите од матичната книга на родените во кои требаше да стои графа за етничка определба, како гаранција дека нема  да има злоупотреби за полесно вработување во јавниот сектор преку етничките квоти.