Одложено рочиштето за таткото на Васил – ОЈО одлучи да го гони за поблаго кривично дело
Таткото на Васил ќе се гони за поблаго кривично дело, загрозување на безбедноста во сообраќајот. Обвинителството образложи дека добиле нови докази кои ја менуваат фактичка состојба па обвинетиот нема да се гони за предзвикување општа опасност дело кое носи парична казна или затвор до 3 години. Наместо тоа, сега обвинетиот Зоран Јованов ќе се гони за кривично дело кое предвидува парична казна или затвор до една година.
Рочиштето е одложено за на 3 септември. Според судијката Снежана Марковска, судот направил два обиди да ја достави поканата и обвинителниот акт, но поканата се вратила како неуредна достава.Не можеле да го најдат на адресата која ја имаат во судот ниту на обвинетиот Зоран Јованов, ниту на неговиот адвокат Сашко Дукоски.
Таткото на Фросина најави кривична пријава бидејќи смета дека е направен правен инженеринг како во одредувањето на судијата за овој предмет, така и во одредувањето на кривичното дело.
Пред кривичниот суд денеска беа поставени транспаренти со пораките „ Нови членови во законот а потоа во судскиот совет!“ и „Експертски судски реформи“ а на плочникот пред зградата беа насликани крвави дланки. Таткото на Васил Јованов е обвинет бидејќи му го давал возилото на својот син иако знаел дека тој нема возачка дозвола а дополнително бил и повеќекратен сторител на сообраќајни прекршоци.
Васил Јованов е осуден на 12 години затвор за сообраќајката на булевар Партизански Одреди во која ја усмрти младата Фросина Кулакова која минуваше не зелено на пешачки премин.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар