Царовска: Ќе воведеме семејни социјални работници
Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска денеска информира дека предвидуваат измени и дополнувања на Законот за социјална заштита со кои ќе се воведе семеен социјален работник. Ова, како што појасни, значи стручни лица, социјални работници да бидат на терен блиску до граѓаните, да работат на интервенција, превенција, советување, упатување и заедничко решавање на социјалните проблеми.
Во првата фаза е предвидено вработување на 60 нови социјални работници, кои теренски ќе бидат ангажирани преку центрите за социјална работа. Уште во следните три месеци во 2017 година, наведе Царовска, ќе се обезбедат околу 4,5 милиони денари за оваа мерка.
- Многу е важно системот за социјална заштита да ги прифати и поддржи граѓаните пред тие да влезат во социјален ризик, или оние кои се соочиле со исклучување или сиромаштија, државата да им обезбеди систем кој ќе ги извлече порано, бидејќи колку подолго граѓаните се наоѓаат во социјален ризик толку потешко можат да се извлечат од таа состојба, рече Царовска.
Нивна крајна цел, како што истакна, е нов Закон за социјална заштита, што ќе нуди нови, современи форми коишто даваат ефикасна социјална заштита за што ќе прават анализи и проценки.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување