Царински инспектори открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар
Метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана се пронајдена при претрес на стан во Гостивар каде престојувала студентка, државјанка на Република Турција.
Како што соопшти Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при претресот извршен по налог на надлежното обвинителство, биле пронајдени шест таблети од психотропната дрога метилендиоксиметамфетамин (MDMA), 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.
-Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата, се наведува во соопштението.
Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, каде е потврден нивниот хемиски состав.
Против осомничената е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Ново на Сител
-
Познати стартните 11 за Милевски за вечерашниот дуел со Казахстан
-
Зеленски: Ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон в петок
-
Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа
-
Пијан гевгеличанец кој користел отсуство од затвор се обидел да ја убие поранешната партнерка
-
Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа
-
Мицкоски од Росоман: На 19 октомври ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
-
Рама: Западен Балкан не е проблем што треба да се реши, туку решение што чека да се интегрира
-
Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион