Дигитализација на градот, уредување на кејот, решенија за ЈСП - нови ветувања на кандидатите за Скопје
Преку реализација на 17 проекти Скопје ќе стане првиот целосно дигитален, модерен и транспарентен град – најавува кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Со дигиталната трансформација сите јавни претпријатија и седници на советот ќе бидат електорнски достапни. Ѓорѓиевски најави поддршка и на младите и ослободувањето од комуналии за млади брачни парови до 40 години.
- Практичната имплементација на Визијата за урбан развој на Скопје 2025-2045, ќе се реализира преку проектот Дигитален близнак на Скопје, со што ќе се создаде дигитална реплика на градот, со интеграција на просторни податоци, сензори и документи. Овој систем ќе овозможи интелигентно урбано планирање, поефикасно управување со инфраструктурата, климатска отпорност и брз одговор при непогоди, појасни Ѓорѓиевски.
Градскиот кеј да блесне во место за рекреација по примерот на останатите метрополи, со чисти шеталишта и осветлување, достапен за сите, ветува кандидатката на СДСМ Каја Шукова. Најави дека потегот од Влае до Хром ќе биде урбанизиран и уреден.
Работниците да добијат поголеми права, а стандардот на граѓаните да порасне бара и ветува кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.
Решение за состојбата на ЈСП и сообраќајниот хаос најавува и кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата Искуство за успех. Трајановски ветува субвенции за ЈСП.
Изборните карвани влегуваат во последните пет дена од изборната капања за првиот круг локални избори со митинзи и средби со граѓаните.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар