Царинската управа ниту вработува ниту објавува огласи за вработување во дневни весници
Со овa соопштение Царинската управа ГО ДЕМАНТИРА тврдењето на Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски дека ,,Пред избори е распишан оглас за 22 времени вработувања во Царинската управа“.
Имено, Царинската управа ниту вработува ниту објавува огласи за вработување во дневни весници.
Видно од објавата е дека станува збор за објава на оглас за доделување на договор за јавна набавка за услуга за привремено вработување.
Оваа набавка е планирана согласно Законот за јавни набавки со план за јавни набавки за 2019 година донесен на 24.01.2019 година од страна на директорот на Царинската управа. Планот е објавен на web страната на Царинската управа. Набавка е планирана под реден број 21 (http://customs.gov.mk/images/
Истакнуваме дека станува збор за целосна лага и обид за дезинформирање на јавноста.
Ваквиот начин на информирање на јавноста е тенденциозно дезинформирање од страна на ВМРО ДПМНЕ и целосно е во спротивност со политичката етика и професионализам.
Царинска управа
Ново на Сител
-
Електронски свидетелства од наредната учебна година
-
Гостиварчанец возел мопед со 2,14 промили алкохол во крвта и паднал на коловозот
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид
-
Последен Вимблдон за Квитова во кариерата
-
Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето"
-
24 години од загинувањето на војникот Блашко Толев на Тетовско кале, за време на војната во 2001 година