Царината за 10 месеци оствари повисоки приходи за 7,8 отсто
Царинската управа на Република Македонија во изминатите 10 месеци од годинава ги натфрли приходите за 7,8 проценти. Остварените приходи изнесуваат 64,5 милијарди денари што е за 4,7 милијарди денари повеќе од тој период минатата година.
- Царинската управа на Република Македонија во изминатите 10 месеци од годинава продолжи со успешна реализација на наплата на давачки при увоз како царина, данок на додадена вредност и акцизи и наплата на акциза не само при увоз, туку и во внатрешен промет, вели директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски во интервју за МИА.
Тој додава дека успехот остварен при наплатата на приходите се должи на повеќе фактори, а пред се на зголемена финансиска дисциплина на сите учесници во трговијата. Според него, многу е важна и соработката со институциите кои вршат контрола на внатрешниот пазар, особено со Управата за јавните приходи и Државниот пазарен инспекторат.
Ново на Сител
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот