Цакај: Формирана трипартитна иницијатива Албанија-Хрватска-Косово
Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, на фејсбук објави дека заедно со министерот за надворешни работи на Република Косово, Глаук Коњуфца и хрватскиот министер за надворешни работи, Горан Грлиќ-Радман, договориле „формирање трипартитна иницијатива меѓу Албанија, Хрватска и Република Косово“.
„Целта на оваа иницијатива е да се одржуваат редовни состаноци на ниво на министри за надворешни работи, да се создадат заеднички политички платформи и да се реализираат конкретни проекти од заеднички интерес“,напиша Цакај.
Додава дека првиот состанок ќе се одржи во Албанија во текот на оваа година, а потоа другите состаноци ќе се одржуваат на годишно ниво во земјите-учеснички, по редослед.
„Оваа иницијатива ќе придонесе за продлабочување на односите меѓу нашите земји и развојот на секоја посебно“,наведува Цакај на крајот на неговата објава на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите