Бизнис
4. November 2017 - 17:56

Бурни реакции по најавеното покачување на акцизата за дизелот

Не стивнуваат бурните реакции на граѓаните по најавеното покачување на акцизата на дизелот. ПоSкапената нафта ќе доведе до зголемени цени на храната транспортот и сите услуги сметаат најголем дел од нив. Решавањето на проблемот со загадувањето не требаше да почне со дизелот, полемизираат возачите. Социјалните мрежи вријат од коментари во кои најчесто граѓаните се лути на ненајавената мерка.

И граѓаните што ги анкетиравме сметаат дека ваквата мерка ќе удри по џебот на оние со најнсики примања.

Владата на сметка на посиромашните граѓани ќе го наполни сопствениот буџет смета аналитичарот Петар Арсовски.  Според него неопходно е државата  да ја спречи сивата економија со нафтените деривати пред да посегне по оваа давачка.

Широката дебата од финансии се префрли на социјалните мрежи. Бранимир Јовановиќ , еден од најголемите критичари на претходната власт,и  сегашен советник на министерот за финаансии смета дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните. 60 % од нив немаат автомобил. Според него пред се ќе бидат погодени побогатите. Тој на фејсбук даде образложение за владината одлука и потврди дека општото ниво на цените ќе расте за 0,2 до 0,3 %, што предизвика лавина реакции.  Со поскап дизел, на луѓето ќе им биде поисплатливо да користат алтернативни енергенси кои помалку загадуваат, како што е плинот, смета јовановиќ.

Зголемувањето на акцизата на дизелот ќе донесе околу 30 милиони евра во буџетот. Надлежните уверуваат дека тоа се повеќе пари за здравство, образование и социјална заштита, но како тоа ќе се вгради во цените на продуктите во кои нафтата е импут, ќе се знае после Нова година.