Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата
Во сојузната држава Ново Мексико вчера беснееше бурa од прашина, што го отежна патувањето по автопатите, а Националната метеоролошка служба испрати итно предупредување за нулта видливост и негативни здравствени ефекти за бебињата и постарите лица.
Сувaта и правлива бура ја намали видливоста на речиси нула на некои места поради налетите на ветерот до 80 километри на час долж коридорот Албакерки-Санта Фе и висорамнините во округот Торанс, вклучувајќи ги градовите долж автопатот 40.
Заслепувачката прашина ги натера транспортните службеници во Ново Мексико да затворат дел од 130 километри од магистралата од границата со Аризона до периферијата на Лас Крус, како и државните автопати во близина на Деминг.
Силните ветрови, исто така, доведоа до затворање на патиштата во регионот за производство на нафта во државата во близина на Розвел и Карлсбад. „Возачите не треба да возат во бура од прашина.
Повлечете се и останете живи“, се вели во предупредувањето за бура од прашина на Националната метеоролошка служба.
Надвор од Ново Мексико, минатонеделните бури од прашина предизвикаа сообраќајќи на десетици автомобили и камиони на магистралата 70 во западен Канзас, при што загинаа осум лица.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур