Булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска затворен за сообраќај

Булеварот „Крсте Мисирков“, од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ кон центар (страната кај Бит-пазар), денеска ќе биде затворен за сообраќај, соопшти Град Скопје.
Комплетниот автобуски и моторен сообраќај ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот „Александар Македонски“, улицата „Беласица“ и булеварот „Гоце Делчев“.
Денеска ќе се врши и асфалтирање со завршен слој на булеварот „Кочо Рацин“, од раскрсницата со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до раскрсницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“ кон центарот на градот. Поради тоа, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“ и „Филип втори македонски“.
Градот Скопје апелира граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација, како и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.
Ново на Сител
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
-

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден
