-->
-->
Бухари: Нигериската војска ја зазеде Самбиса, енклава на Боко Харам
-->

Нигериската армија зазеде камп на Боко Харам во Самбиса, последна енклава на исламистичката Боко Харам, изјави денеска претседателот на НИгерија Мухамаду Бухари.
– Како што ми кажа шефот на воениот персонал, кампот на Боко Харам е заземен во петок на 22 декември. Терористите се протерани, а веќе и нема каде да се скријат, изјави Бухари.
Според него, заземањето на кампот означува „конечен пораз на терористите од Боко Харам во нивната последна енклава“.
Исламистите од Боко Харам убија 15.000 луѓе и примораа повеќе од два милиона луѓе да ги напуштат домовите за време на 7-годишниот бунт со цел формирање исламска држава со шеријатско право во најмногубројната нација на североисток во Африка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
