Македонија
2. February 2023 - 16:47

Бугарските пратеници ја усвоија декларацијата за Македонија, македонските партии бараат достоинствено чествување

Бугарското народно собрание со Декларација ја осудува како што велат антибугарската реторика во Македонија. 

Пратениците едногласно со 185 гласа „За“ и без дебата им наложија на македонските институции да донесат системски мерки за да запрел говорот на омраза врз Бугарите во Македонија. 

Во декларацијата напишана во девет точки се осудува и како што велат злосторството направено врз Пендиков и одлуките за ограничување на дејноста на бугарските здруженија. 

Пратениците со уцена до Македонија велат дека ако со екслацијата на антибугарската кампања се загрози процесот на менување на македоскиот Устав, тоа ќе се одрази и врз интеграцискиот пат на Македонија.

Реагираше македонското МНР – декларацијата не соодветствувала на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување.

-Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави, и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и нега на партнерските односи. Секој чин на провокација од било која страна, случајно или намерно, во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалацијата на состојбите и како таков сметаме дека е во спротивност со декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што ѝ е местото, во дипломатиите на двете земји.

Македонската опозиција реагира дека односот на власта за постојано попуштање го дожвеало своето фијаско, доказ за тоа се сите негации од бугарските власти. 

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Николовски бара власта да одговори зошто полицијата не кажува како се финансираат бугарските клубови во Македонија, но и зошто им се доделува вип третман на бугарите кои најавија дека доаѓаат во Скопје.

Социјалистичката партија на Македонија апелира до македонскиот народ и сите македонски граѓани на достоинствено чествување на Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба.

-Напоменуваме на потребата за смиреност и неподлегнување на можни провокации од недобронамерни лица, при тоа покажувајќи ја сплотеноста во градење на нашето единство. Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонската историја и македонските историски великани се само наши и ничии други, затоа е потребно да им оддадеме должно почитување какво што заслужуваат.

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев, членови на Левица од повеќе места од утрово биле повикувани на информативни разговори во полиција, потврдуваат од партијата. 

Засега се уште не е се соопштува кој ќе положи цвеќе во име на бугарската држава, но најавено е дека 150 лица со автомобили веќе се подготвени да пристигнат во Скопје. Најавено е дека на нив ќе им се приклучат и Македонците со бугарска самосвет од Македонија.