Бугарската и турската државна компанија за гас ќе потпишат договор за користење на турските терминали за течен гас
Бугарската државна компанија за гас „Булгаргаз” ќе потпише договор со турската државна енергетска компанија „Боташ” за пристап до терминалите за течен гас и до мрежата за пренос на гас на Турција, соопшти бугарската владина прес-служба.
Документот ќе го потпишат раководствата на Булгаргаз и Боташ во присуство на министерот за енергетика на Бугарија Росен Христов и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Фатих Донмез. Договорот ќе биде за период од 13 години.
По церемонијата, двајцата министри за енергетика посебно ќе бидат примени од службениот премиер Галаб Донев и претседателот на Бугарија Румен Радев.
За време на посетата на бугарскиот претседател Румен Радев на Турција и неговите разговори со претседателот на Турција Реџеп Ердоган на 9 декември, беше договорено продлабочување на енергетската соработка меѓу Софија и Анкара, како и користење на турските терминали за течен гас како можност за диверзификација на приемот на течен гас во Грција доколку гасот наменет за Бугарија не може да се истовари на грчкиот терминал Ревитуса.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик