Бугарите на нозе, протести ширум земјата, блокирани патишта и граничните премини
Ширум Бугарија продолжија протестите против превисоките цени на горивото, зголемените трошоци за живот, сиромаштијата и корупцијата.
На плоштадот во центарот на Софија се собраа повеќе илјади луѓе. Демонстрантите извикуваа „оставки“ и „референдум“, носеа бугарски знамиња и транспаренти на кои пишува „Народот против партиите“ и „Мораме да ги спречиме демографскиот колапс и геноцид во Бугарија“.
Организатор на протестите е граѓанскиот форум „Промена“ под мотото „Да го промениме системот“.
Во Софија пристигнаа и луѓе од западниот дел на земјата, кои се пожалија дека полицијата им го попречила патот до главниот град.
Собири се одржаа во уште 18 бугарски градови, а демонстрантите блокираа одделни патишта и гранични премини.
Медиумите објавија дека се блокирани премините со Турција, Романија и Србија, па поради тоа биле создадени километарски колони од возила.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот