Бугарите на „дизел туризам“ во Македонија
Бугарите тргнаа на „бензински туризам“ во Македонија. Причината за тоа е различната цената на горивата на бензинските станици од двете страни на границата. Литар дизел во Бугарија чини нешто над два лева, а во Македонија се продава за околу 1,5 лева, објави бугарската Нова телевизија.
Пртиоа се посочува дека патот од Софија до Скопје е 240 километри и за да се помине просечно се потребни 15 литри дизел.
- Доколку тргнете од Софија за Скопје за тоа ви се потребни околу 30 лева, доколку пак одите во спротивен правец ќе ви бидат доволни 15. Колку повеќе ќе го наполните резервоарот со дизел, толку поголема ќе ви биде разликата во пари. Тоа објаснува зошто многу возачи од пограничните реони се одлучуваат да наполнат гориво во Македонија по пониски цени. Граѓаните од Ќустендил и Ѓуешево многу често полнат гориво на бензинските станици во Крива Паланка и Куманово, се посочува во веста што ја пренесува бугарскиот информативен сајт dnes.bg.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија