Бугарија со иницијатива за намалување на цените на роамингот во Западен Балкан
Бугарија подготвува меморандум, што ќе го потпише со државите од Западен Балкан за укинување на таксите за роамингот, изјави бугарскиот министер за сообраќај Ивајло Московски.
Тој додаде дека потпишувањето на ваквите меѓувладини договори претставува израз на политичката волја на Бугарија да испрати јасна порака дека интеграцијата на Западен Балкан е исклучително важна за цела ЕУ.
- Мислам дека тоа ќе ги поттикне мобилните оператори да потпишат договори за реално намалување на цените за разговор во роаминг и за користење интернет, истакна Московски.
Договорот со земјите од Западен Балкан се очекува да биде потпишан до крајот на месецот, а меѓусебните договори на Телеком операторите до крајот на годината.
Московски истакна дека минута разговор од Бугарија кон Македонија, БиХ или Србија сега чини меѓу три и 3,5 евра.
- Тоа се монструозни цени, констатира бугарскиот министер.
За време на конференцијата „Логистички хоризонти 2025“, Московски ги истакна приоритетите на неговиот ресор за време на Претседателството на Бугарија на Советот на ЕУ.
- Наша основна задача ќе биде зајакнување на ангажманот за присоединување на Западен Балкан кон ЕУ, изјави синоќа бугарскиот министер за сообраќај и информатичка технологија.
Тој истакна дека поврзаноста на Западен Балкан е исклучително важно и во таа насока и завршувањето на Коридорот осум за поврзување на Софија со Скопје.
- Сообраќајната инфраструктура ќе даде перспектива за развој не само на Балканот, туку и на целата Европска унија, истакна Московски.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце