Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ
Бугарија нема да го промени ставот за Македонија до крајот на годината и нема да ја одобри преговарачка рамка за земјата со ЕУ, соопшти прес-службата на преодната влада на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА, Владата го одобри ставот на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи на 14 декември. Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и Процесот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Република Албанија, како и до Рамковниот став за европската перспектива на Република Македонија и Албанија усвоен од Министерскиот совет на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година, ја дополнува информацијата бугарската владина прес-служба.
Во исто време, официјална Софија смета дека Тирана е подготвена да ги започне преговорите за членство со ЕУ.
-Сепак, двете земји во моментов се движат во пакет кон ЕУ. За Бугарија, основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат останува одлучувачки. Бугарија смета дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција, стои во соопштението од бугарската владина прес-служба.
Ново на Сител
-
ФБИ: ДНК пронајдена на местото на убиството на Кирк му припаѓа на осомничениот Робертсон
-
Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Експертите ни говореа дека најмалку 7 дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, ние го изгасивме за помалку од 30 часа
-
Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак
-
Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес