Бугарија го одложи воведувањето на еврото за почетокот на 2025 година
Бугарската влада објави дека го одложува целниот датум за воведување на еврото до 2025 година, пренесува Кликс.ба. Иако претходно беше најавено дека Бугарија би можела да го воведе еврото на почетокот на 2024 година, владата соопшти дека сè уште не е направено многу за да се создадат правни предуслови за овој акт.
„Неколку експерти се сомневаа во одржливоста на целниот датум за влез на Бугарија во еврозоната поради високата инфлација. Според податоците на Националниот институт за статистика, годишната инфлација во Бугарија во 2022 година изнесувала 15,3 отсто“, пишуваат бугарските медиуми.
Еден од критериумите за влез во еврозоната се однесува на стабилноста на цените. Во Бугарија инфлацијата во септември изнесуваше 6,4 отсто, додека податоците од претходниот месец покажуваат инфлација од 7,5 отсто.
Ново на Сител
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче