Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски на Министерството за одбрана
Во знак на солидарност во борбата против ширењето на пандемијата на Ковид-19, Министерството за одбрана на Република Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски за повеќекратна употреба на Министерството за одбрана на Република Македонија.
– Заштитната облека може да се користи до 50 пати, што значи до 5 000 работни дена за медицинските лица во првите борбени линии. Донацијата беше врачена на високи претставници од Министерството за одбрана на РМ денеска напладне на граничниот премин Деве Баир од началникот на кабинетот на бугарскиот министер за одбрана Илија Налбантов, информираат од амбасадата на Бугарија.
Донацијата, како што стои во соопштението, е почеток на претстојните донации од Република Бугарија кон Република Македонија како знак на блискоста на двете држави и на европската и евроатлантска солидарност.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар