Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
Апасиев и Џафери пред уставните судии ги соочија аргументите дали поранешниот собраниски спикер политички го дискриминирал претседателот на Левица.Му го одбил барањето за референдум по заклучоците за т.н “Француски предлог“, па препознал одземено уставно право на политичко дејствување. Пред судиите и правни експерти Апасиев детално образложуваше зошто предлогот за референдум требало да стаса до собраниските комисии..Од независноста на државата, само неговото барање не влегло во собраниска процедура.
Говорот во Уставен, Џафери го почна на албански.. Беше прекинат за да се донесе преведувач, ама одби и рече дека ќе зборува македонски. Неможноста да говори на мајчин јазик бил дискриминација, а не тоа на што се жалел Апасиев.
Рече дека барањето за референдум, Апасиев го поднел како граѓанин, го пробил и 15 дневниот рок предлогот да го усогласи со деловникот на Собранието.
„Собранието не донело одлука. Заклучоците, препораките имаат статус на општи акти. Сега излегува дека за се што треба собранието да одлучува, да се прашуваат граѓаните. Тие веќе ни дале овластување да одлучуваме во нивно име“, изјави Талат Џафери.
На јавната расправа, судот ги поканил и тогашните претседатели на две собраниски комисии, од кои очекувале одговори зошто барањето за референдум е одбиено.
По јавната расправа, во следниот период Уставен ќе одлучи дали претседтелот на Левица бил полиитички дискриминиран од екс претседателот на собранието.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар