Македонија
3. October 2024 - 19:45

6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?

6 пријави за врсничко насилство нотираат властите годинава. Македонија нема функционален систем за мапирање, следење и решавање на ваквите случаи. Меѓуврсничкото насилство бележи тренд на зголемување од година в година. Тоа го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи, кое е едиствената институција која располага со ваква статистика. 

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади кажа дека проблемот со ажурирањето на податоците дури сега се вади од фиока.

Училиштата индивидуално ги евидентираат случаите кога учениците ќе се скараат или физички ќе се пресметаат. Протоколите налагаат психолозите и педагозите да работат со децата се додека не се реши проблемот. По потреба се повикува социјален работник или се бара помош од полицијата. Но, стручната фела испратила приговори до МОН, во кои повторно се актуелизира нивниот долгогодишен проблем на преоптовареност со бирократија. Поради големиот број на административните задачи, им останува помалку време да се посветат на децата.

Европските држави, кои бележат ниска стапка на булинг како Данска, во воспитно-образовните институции имаат напреден систем на следење на ваквите случаи и меѓуинституционална соработка, она што Македонија во моментов го нема.

Институциите дома, алармот за подигнување на свеста за меѓуврсничкото насилство го кренаа по маскарот во соседна Србија, кога седмооделенецот Коста уби девет соученици и чуварот во училиштето. После овој настан, се организираа низа дебати на темата булинг, а се отвори и електронска адреса за пријавување на вакви случаи.