Брзото јадење е штетно по човековото здравје
Ако дневните оброци, без обѕир дали е тоа појадок, ручек или вечера, ги консумирате за 20 минути или помалку, тогаш јадете премногу брзо, смета Лесли Хајнберг – докторка од „Клиниката на Кливленд“ во САД.
-Потребни се околу 20 минути за желудникот да искомуницира со мозокот преку цела низа хормонски сигнали дека е полн… Луѓето кои јадат брзо, веројатно, ќе проголтаат повеќе воздух, што може да доведе до надуеност и проблеми со варење. Неправилното џвакање на храната, исто така, е неповолно за варењето, што значи дека нема да ги добиете сите хранливи материи од храната. Неизџваканите парчиња храна може и да се заглават во хранопроводникот, набројува и предупредува д-р Хајнберг.
И претходни истражувања покажаа дека кај луѓето кои јадат брзо има најголема опасност од дебелеење, додека оние кои јадат најбавно – обратно, имаат најмал ризик за покачување на телесната маса.
Докторката препорачува и да не се гледа во телефонот или телевизорот при јадење.
-Кога, додека јадеме правиме и нешто друго, јадеме помалку внимателно. И, тоа често предизвикува да јадеме повеќе. Кога луѓето ќе се сосредоточат само на јадењето, тие повеќе уживаат во оброкот, а јадат помалку, појасни Хајнберг.
Таа, исто така, напомна дека темпото со коешто се јаде, најчесто е вкоренета навика, но истакна дека промената е можна. Нејзината препорака е: Користите ја Вашата недоминантна рака за да се нахраните, илинамерно паузирајте за да пиете вода, или пак, јадете со прибор што е потежок за користење, како стапчиња за јадење.
Ако водите брз и зафатен живот, можеби е неизбежно да треба да ручате на работен состанок или да јадете ужина додека извршувате обврски. Совет: Едно од наједноставните решенија за овој проблем е да го зголемите бројот на што помали залчиња во тој оброк.
Ново на Сител
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар