-->
-->
Брутално апсење на жена која украде чевли предизвика различни реакции
-->
Снимката на која се гледа како полицаец на брутален начин апси жена која сака да украде чевли во еден трговски центар во Флорида, на Интернет предизвика различни коментари. Додека едните тврдат дека полицаецот употреби прекумерна сила, другите се возхитуваат на неговиот професионализам.
Тифани Тебо, жената која се сакаше да украде еден пар чевли, најпрво се обиде да му се спротивстави на полицаецот, играјќи на картата дека е член на понежниот пол.
Сепак, полицаецот немаше милост. Откако не успеа да ја убеди со зборови, тој ја фати за вратот и ја бутна на подот. После ударот од подот жената почна да крвари, и дури тогаш сфати дека полицаецот не се шегува.
Откако ја уапси и повика брза помош, жената почна да го моли да ја пушти но неговиот одговор и понатаму беше строго професионален.
-Не, вие не можете да преговарате со мене. Смирете се. Ќе зборувате подоцна. Немав намера да бидма лош кон вас, можевме да го избегнеме ова, - рече полицискиот службеник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк