Брутална ликвидација во Италија: Во свештеник - педофил испукани 5 куршуми, полицијата се сомнева дека таткото на жртвата го нарачал убиството
Истрагата за убиството на свештеникот Џузепе Матараце (45), кој е убиен во кули минатата година во италијанскиот град Фрасo Телесинo, доби продолжение.
Имено, Матарацо во затвор помина 11 години заради сексуално злоставување на две тинејџерки. Едната од нив подоцна се обесила.
Полицијата сега истражува дали убиството на свештеникот го нарачал нејзиниот татко.
Напаѓачот од автомобил во движење испукал пет истрели.
Полицијатa дури во петокот го уапси Џенеросоа Настама (30) и Џузепе Масара (55) за кои се верува дека го возеле автомобилот. Под истрага е и таткото на злоставуваното 15-годишно девојче, но тој се уште не е уапсен.
Државниот обвинител Алдо Поликастро смета дека убиството веројатно е нарачано од одмазда и дека апсењата се дури прв чекор во истрагата за случајот.
Поликастро тврди и дека не откриле поврзаност меѓу уапсените и таткото на жртвата. Се верува дека комуникацијата ја направил посредник.
Иако полицијата смета дека Масаро набавил магнум 357 за убиството, мислат дека тој не го повлекол орозот поради што и натаму тие се во потрага по убиецот.
Судејќи според пораките кои ги испратил по телефон, Масаро имал намера да набави лажни документи и да побегне од Италија.
Двајцата уапсени овие денови ги чека испитување.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра