Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми.
-Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области, се наведува во соопштението на хунтата.
Водачот на хунтата Мин Аунг Хлаинг нареди итни спасувачки напори во погодените области. Вчера тој ја покани „која било земја“ да обезбеди помош и донации.
Кинески спасувачки тим денеска пристигна во Мјанмар, додека Русија и САД понудија помош во катастрофата, при што се оштетени стотици згради во соседен Тајланд.
Според симулацијата на Геолошкиот институт на САД бројот на загинати може да надмине 10.000 луѓе во Мјанмар, а загубите би можеле да бидат поголеми од вредноста на бруто домашниот производ на земјата.
Ново на Сител
-
Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир
-
Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река
-
Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка
-
Во Косово убиен полициски началник
-
Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД
-
Светски ден за подигање на свеста за аутизмот: Ја осветлуваме убавината на различноста
-
Се очекува Филипче да соопшти повеќе детали за лидерската средба, партиите чекаат детали по што ќе заземат став
-
Јавна седница на ССМ пред законодавниот дом, ќе се бара минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати