Бројот на загинати во пожарот во Гринфел тауер во Лондон се искачи на 17
Бројот на загинати во пожарот во лондонската зграда Гринфел се искачи на 17. Голем број се водат како исчезнати додека шефот на противпожарната служба најави „недели“ за пребарување на зградата.
– Ќе бидам реален, ова ќе биде долг процес, изјави Дени Котон шеф на лондонските пожарникари. Котон рече дека пожарникарите не може да влезат во делови од зградата која има 24 ката поради небезбедност.
Шефот на лондонската полиција Стујарт Канди изјави дека се очекува бројот на загинанти да се зголеми.
- Триесет и седум луѓе се уште се во болница од кои 17 се во критична состојба, изјави Канди. Тој не одговори за причините за брозото ширење на пожарот кои според дел од жителите и експерти, можно е да било поради ниско квалитетни гардежни материјали при обновата.
– Наш приоритет е идентификација и лоцирање на тие што се водат како исчезнати, изјави Канди додавајќи дека прашањата за безбедноста на зградата ќе се разгледуваат за време на истрагата за причините за пожарот.
Пожарната служба соопшти дека кај објектот има 60 пожарникари и осуммина инженери, ескперти за справување со последици од пожари.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе