Бројот на приговори за заштита на податоците не ја намалува нивната валидност, реши Европскиот суд на правдата
– Европскиот суд на правдата денеска донесе прелиминарна одлука според која зачестеноста на приговорите поднесени до надлежните органи за заштита на податоците согласно Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците (ГДПР), нема никакво влијание врз нивната валидност.
– Барањата не можат да се оквалификуваат како „прекумерни“, само поради нивниот број во одреден период, се вели во пресудата.
Пресудата е донесена врз основа на случајот во кој здружението на автомобилската индустрија АДПА отфрлило приговори на еден субјект со образложение дека нивниот број биле прекумерен.
Имено, според АДПА, конкретното лице во периодот меѓу 2018 и 2020 година доставило 77 приговори, а покрај тоа и „редовно ги контактирало по телефон со дополнителни барања“.
Сепак, Судот оцени дека поднесувањето на 77 приговори за период 20 месеци не може да се смета за „вознемирувачко или навредливо“.
Највисокиот суд во ЕУ решаваше по жалба на АДПА на пресуда на австриски Суд од 22 декември 2022 година, кој оцени дека зачестеноста на приговори не е доволна основа нивниот број да се смета за „прекумерен“, бидејќи за тоа е потребно тие барања да бидат од „очигледно вознемирувачка или навредлива природа“.
По оваа, АДПА поднесе жалба на одлуката на австрискиот Суд до Европскиот суд на правдата со образложение дека подносителот на приговорите при нивното доставување имал „навредлива намера“.
Одлуката на Европскиот суд на правдата се оценува како „добра вест“ за поборниците на правото на слобода на информации, бидејќи доколку беше прифатено барањето на АДПА тоа ќе можеше да се користи за ограничување на можностите за слободен пристап до податоците и за притисок за построго спроведување на регулативата ГДПР.
Ново на Сител
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна
-
Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk
-
Украдена биста од гробишта во Скопје
-
Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир