Бројот на активни случаи од Kовид-19 намален под 3.000
Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период.
Истовремено, денес се регистрира и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123122. Министерството за здравство информира дека со зголемување на капациетети за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на Ковид-19.
Од Министерството за здравство информираат дека мерките за заштита од ковид-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат. Граѓаните се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи.
Уште еднаш апелираме до граѓаните, без исклучок да продолжат да се придржуваат до трите правила - носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете. Само заеднички можеме да се избориме со ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска