Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Бројот на жртви од пожар во висока зграда во Хонг Конг се зголеми на 75.
Претходно беше објавено дека најмалку 65 лица загинаа, а најмалку 70 се повредени во пожарот во станбен комплекс во областа Таи По.
Пожарникарите од вчера попладне се обидуваат да го стават пожарот под контрола, кога избувна на бамбусови скелиња и градежни мрежи, а потоа се прошири на седум од осумте згради во комплексот.
Околу 900 лица во текот на ноќта беа евакуирани во привремени засолништа. Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, денеска изјави дека 279 лица се водат за исчезнати. Меѓутоа, на прес-конференција градските власти не дадоа нови информации за исчезнатите или колкумина се уште се во уништените згради.
Спасувачите се соочуваат со „екстремно високи температури и внимателно напредуваат кат по кат, темелно пребарувајќи и обидувајќи се да спасат луѓе што е можно побрзо“, рече заменик-директорот на противпожарната служба, Вонг Ка-винг.
„Не ја исклучуваме можноста да пронајдеме уште повредени лица“, додаде тој.
Повредени се повеќе од 70 лица, меѓу кои и 11 пожарникари, соопшти противпожарната служба.
МИА
Ново на Сител
-

Фекални бактерии во чешми и во мусаката во О.У. Димо Хаџи Димов, придонеле за труење кај учениците
-

Скопјани ќе плаќаат поскапо парно: Цената оди нагоре за да се модернизира топловодната мрежа
-

Расте наплатата од даноци и придонеси, граѓаните за два дена ќе ги добијат парите од Мој ДДВ
-

Сали и Хоџа нови министри во Владата на Мицкоски
-

Муртезани: Уставните измени се преземена обврска, работиме на воспоставување дијалог со Софија
-

Мицкоски: Државата ќе гради систем што ќе се бори против СММИ
-

Скопјани стравуваат по својот живот поради свлечиште на Водно, семејства ги напуштија домовите во Шипковица
-

Во затворската ќелија на директорот на Онкологија пронајден телефон
