Мицкоски: Државата ќе гради систем што ќе се бори против СММИ
Хибридните закани не се победуваат со молк туку со заедничка акција порача премиерот Мицкоски, кој најави дека државата ќе изгради систем што ќе ги препознава анализира и брзо ќе одговара.
Дезинформациските кампањи не се само медиумски туку безбедносен проблем со стратешки последици смета премиерот. Според него, државата во последниот период направила одреден напредок, но системот сè уште се соочува со недостиг од ресурси, недоволно обуки и слаба институционална меморија.
Странското мешање, дезинформациите и сајбер нападите ќе се случуваат се повеќе, бидејќи како држава членка на НАТО сме подложни на вакви закани но важно е како институциите ќе се справат со истите порача министерот за дигитална трансформација.
Експертите врз основа на анализата која ја спровеле со фокус групи оценија дека нема унифицирано институционално разбирање за СММИ бидејќи не се дефинирани во домашната регулатива.
На конференцијата која ја организираше ИКС во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“ поддржан од британската амбасада, беше претставен документот за јавна политика кој е изработен во соработка со експерти од областа.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
